Седум идеи како да изгледате 7 години помлади



Сакате да изгледате млада? Тогаш пробајте ги следниве итрини:

Маска за лице

Секој ден, враќајќи се од работа дома, посветете ги за себе само 20 минути. За тоа време успешно може да си направите освежителна маска за лице со краставица или банана. Корисна опција е и смирувачки чај.

Салицилен раствор

Доволно поевтино средство кое може да се купи од секоја аптека. Со помош на растворот ќе ги отстраните мртвите клетки, ќе ја израмните кожата и ќе се ослободите од пигментација и мозолчиња.

Вода

Секојдневното пиење на минимум 4 чаши вода – во чиста форма, а не во форма на чај или кафе, ќе ја направи кожата еластична, а со тоа и помлада.

Сенки за очи

Ако се применат светли тонови поблиску до трепките, а потемни кон наборите, очите ќе изгледаат поголеми. Ова ќе го осветли лицето и ќе изгледате помлади.

Пудра

Помалку пудра – таа ја суши и старее кожата. Покрај тоа, ако е наталожена, само ја нагласува несовршеноста. Заменете ја со тонски крем и лесно руменило.

Страни: 1 2