Со почетокот на новиот месец (јуни) следува голема дестабилизација на атмосферата над целиот Балкански Полуостров вклучувајѓи ја и Македонија па поради ова на многу места ќе има поројни врнежи од дожд, засилен ветер и силни грмежи. Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења и град. Во делови на Балканот не се исклучува можноста дури и за појава на Суперќелијски облаци.
Ваквата ситуација може да предизвика и локални поплави низ Балканот.
Во Македонија поголема дестабилизација на атмосферата ќе има некаде од втори јуни но за кај нас детална анализа на времето и што може да очекуваме следува наскоро.
Временската прогноза ја подготви meteomax.mk