
„23:30 часот. Се враќав од читална од ГТЦ. Се враќав пешки зошто тогаш живеев во зградите кај Зелен пазар. Кога го поминував Жена парк, осетив дека некој ме следи. Решив да не паничам и продолжив да одам, надевајќи се дека ќе замине на друга страна. Веќе бев пред Сообрание кога го чувствував како се’ повеќе и повеќе се приближува. Почнав да забрзувам, забрза и тој. Пред да свртам десно во уличката кај мене почнав да трчам. Почна да ме брка. Ме фати баш пред влез и почна да ме влече кон него. Беше облечен во црно и носеше капа. За среќа се фатив за кваката од влезната врата и цврсто се држев. Почнав да врескам, но никој не дојде да ми помогне. Среќа ме пушти за неколку секунди и замина со трчање. Утрото соседите ме прашаа зошто било тоа викање и дека „сама сум си го барала“ што сум се движела сама касно. Од тогаш не одам во читална навечер.“
Facebook статус: Мери Христоска