Градежен работник од Минесота чекал чудо, а тоа се појавило во најчуден момент – додека тој поправал напуштена и речиси срушена црква. Имено, на Грег Томас пред 3 години му бил дијагностициран карцином во четврти стадиум, а болеста се проширила на главата и на вратот.
“Кога открив дека болувам од рак, лекарите му рекоа на моето семејство дека треба да се планира мојот погреб.” – изјавил Томас.
Набрзо потоа бил отпуштен од работа, па не знаејќи што да прави со слободното време, започнал да оди на долги прошетки со своето куче. За време на една од тие прошетки наишол на напуштена црква во која никој не влегувал повеќе од 100 години. Томас верува дека токму таа црква му го спасила животот.
“Отишол докај соседите и рекол дека сака да ја бојадиса црквата, па го интересирало кој е задолжен за грижа околу црквата. Тие го упатиле кај мене.” – вели Дон Рајанда, благајникот на гробиштата кои се наоѓаат во склоп на црквата.
Страни: 1 2