Во љубовта, често се вели дека оваа жена е љубоморна и посесивна. Таа навистина може да покаже огромна љубомора, но тоа е затоа што смета дека флертот со друга жена е неверство. Од партнерот бара постојана верност и лојалност. Бара личност која е самоуверена и храбра. Во сексот е како амазонка, со силна страст во себе. Често и одговараат Овни и Девици, но најдобра комбинација е со Биковите.
Во пријателствата, оваа жена може да биде најголем пријател или најголем непријател. Лојалноста и е многу важна во пријателствата, но таа никогаш не заборава. Тајната која некој ќе и ја довери ќе ја чува за себе и никогаш нема да ја сподели со другите. Пријателите ги одбива многу внимателно бидејќи сака само добри пријатели покрај себе, а не и секого. За неа, не е важен бројот на луѓето околу неа, туку оние на кои може да се потпре.
Ако ја имате за партнер или пријател, веќе знаете каква сила во себе крие оваа жена.
Страни: 1 2