Гледам дека и други пред мене имаат заеднички она што на некој начин е важно за нив. За мене поважно е никој друг да не спаѓа во мојата ситуација, бидејќи е многу тажно и понижувачки.
Со мојот сопруг бевме семејство седум години. Никогаш не сме имале којзнае какви турбуленции или драми, со исклучок на едно – јас не можам да забременам. Пред околу една година стана јасно дека имам болест која е причина за 4 -те спонтани абортуси и единствениот начин да забременам е токму преку методот ин витро.
Парите никогаш не биле проблем за нашето семејство. Но кога разбра за мојата состојба, маж ми рече дека ме напушта.. Тој сакал неговото дете да биде зачнато и родено нормално. Тешко ми е да опишам како се чувствував. Сеедно јас сама сум сакала тоа да се случи. Сеедно јас намерно сум направила нешто за да не можам да зачнам и родам нормално. И на крајот нели живееме во 21 век?!
Продолжува на следната страна:
Страни: 1 2