Се повеќе жени раѓаат по 45-годишна возраст



Актерката Марша Корс стана мајка за прв пат во 2007-ма на прагот на своите 45 години.


Јавно плодноста на жените станува повисока, ако се суди според ново британско истражување, и се открива дека бројот на жените кои станале мајки после 45 години, се тројно поголеми за изминатите десет години.

Податоците во Велика Британија покажуваат дека во 2000 година децата родени од жени над 45-годишна возраст, биле 663, а во 2010та година оваа бројка е зголемена до 1758 бебиња. За истата декада бројот на бебињата чии мајки ги надминаа 50-те се зголемија од 44 на 141.


Статистиката на англиските научници открива дека меѓу 2000-та и 2010-та претставничките на понежниот пол кои се породиле над 40-годишна возраст речиси се дуплирани од 15066 на 27731.

Специјалистите сметаат дека оваа зголемена законитости и поголемиот број бремености се условуваат од новите технологии во лекувањето на неплодноста.


Покрај тоа, се повеќе жени го среќаваат вистинскиот партнер во подоцнежна фаза од животот и сосема логично сакаат да имаат дете од него, иако одамна не се на 25.

“Во денешно време постарите мајки се прифатени подобро во општеството за разлика од минатото. Точно е дека со возраста ризиците за здравјето се зголемуваат, но од друга страна медицината е прилично напредната, а и голем дел од зрелите жени имаат стабилен финансиски стаус, овозможувајќи им да се грижат за новороденче “, дополнува Дениз Лини која е експерт за проблемите на доцната бременост.

Да потсетиме дека актерката Марша Крос, позната од серијата “Очајни домаќинки”, стана мајка на близнаци малку пред да наполни 45, а пак пејачката Кајли Миног (43 г.) размислуваше опција за забременување со помош на донаторска јајце клетка.