Loading...

Се повеќе млади девојки имаат проблеми: Што треба да знаете за цистите на јајници


Се повеќе млади девојки се дијагностицирани со цисти во јајниците. За жал, тоа е сериозен проблем кој не треба да се занемарува и да се потценува. Понекогаш може да се дојде и до операција, затоа убаво е да сте запознаени со овој проблем. Најдобро е уште при првите симптоми да отидете на лекар.

Колку порано откриете ваква циста, толку подобро. Најчесто ова е фоликуларна циста, која се формира од растот на фоликулот. Тоа е торба со течност, која содржи една јајце клетка.

Фоликуларните цисти се формираат кога ќе пораснат повеќе од нормалните вредности и не се отворат, за да се ослободи јајце клетката. Обично овие цисти исчезнуваат по неколку месеци. Постои и циста на жолтото тело. Тоа е ткиво кое помага во бременоста.Не може да биде даден дефинитивен одговор на прашањето „зошто се појавуваат цистите на јајниците?”. Една од најверојатните причини се хормонални нарушувања, кои се игнорирани или не се забележани, дури и да сме ги имале со години.

Страни: 1 2