Се отвори специјализиран бутик за женска Плус сајз облека во центарот на Скопје



Луна Плус сајз е специјализиран бутик за женска облека со конфекциски броеви над 40.


Водени од своето мото, „не е важно кој број носиш, туку како го носиш“, тимот на Луна Плус сајз нуди модерни и квалитетни парчиња облека за дами со облини.

Колекцијата есен/зима 2017 претставува спој помеѓу модерното и класичното и нуди тренди но во исто време практични парчиња облека.


Поголем дел од жените во текот на својот живот варираат со својата килажа и се соочуваат со фактот дека понудата на пазарот е сосема оскудна кога станува збор за облека со големи броеви, поготово кога сакаме истите да бидат модерни.

Страни: 1 2