Се одржа 19.тото издание на Поточиња 2022



На прагот од летото, детските желби станаа реалност. 19.тото издание на фестивалот Поточиња официјално се одржа на 18-ти и 19-ти јуни во Македонска филхармонија. „Поточиња“ докажа дека можеби е најдобриот детски фестивал кај нас.


Фестивалот кој беше вистинска забава за најмалите се одржа во трите достапни термини изминатиот викенд и на него се испеаа 15 прекрасни детски композиции. Програмата беше збогатена со анимирани цртани филмови, специјално подготвени за ова издание на Поточиња.

Текстот на песничките е на Оливер Пап, и Леон Пап , а аранжманот и музиката од Мирослав и Оливер Пап.
Погледнете дел од волшебните мигови на малите поточиња преку следнава галерија со фотографии:


Новите песни со анимирани видеа и текст може да се слушаат и погледнат на јутуб каналот „Поточиња“.

https://www.youtube.com/c/PotocinjaTV