Саудиец се разведе, откако за прв пат го виде лицето на својата жена



Иако семејствата и на двајцата се обиделе да ги поправат работите, мажот останал непопустлив. Арабиецот се развел веднаш по свадбата, откако го видел лицето на сопругата за прв пат. Мажот кој никогаш не ја имал видено невестата пред тоа, се одлучил за ваквиот потег кога фотографот дошол да им направи свадбени фотографии.

Дури тогаш младоженката го кренала густиот превез за прв пат, а Саудиецот воопшто не останал фасциниран од тоа што го видел, и веднаш изјавил дека се разведува. „Ти не си девојката, за која што сакам да се оженам. Не си таква каква што те замислував. Жал ми е, но се разведувам со тебе”, биле првите зборови.


Страни: 1 2