Сара Фешн и Лоба ја промовираа новата колекција на долна облека и пижами за есен/зима, 2017-2018



Сензуално и комфорно, заводливо и возбудливо, со овие зборови се опишува новата колекција на Сара Фешн за долна облека и пижами за престојната есен/зима, 2017-2018 година.


Познатата пејачка Викторија Лоба како заштитно лице за 2017 година на Сара Фешн, позираше пред објективот на фотографот за новата колекција. Токму таа го презентира памучнот програм на маици, килоти и пижами, како и сензуални парчиња на градници и килоти кои веќе се во продажба.

Колекцијата премиерно се претстави на спектакуларното модно шоу My sweet 18 по повод 18 години од комапнијата, на која присуствуваа емитентни личности од естрадата и бизнис секторот од цел Балкан.


„Нашата нова колекција е наменета за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се чувствуваат модерно, секси и пријатно во секој дел од денот. Памучниот состав на долната облека и пижами е во комбинација со различните модели и модерни дезени.  Провокативната долната облека е претставена во неколку бои и дезени, вклучувајќи ги класичните црно-бели тонови, но и во јаки црвени нијанси, како и во женствената боја на вишна“ велат од Сара Фешн.

Компанијата има специјализирани 60 продавници низ цела Македонија, кои на своите потрошувачи им нудат широк асортиман на долна облека, пижами, костими за капење, хулахопки, чорапи и модни детали. Ексклузивни застапници се на повеќе светски признат брендови и тоа: Penti, Nbb, Pompea, Donella, Apple, Milano.