Сара Џесика Паркер наполни 55 години: Тоа, што не те убива само те прави посилен


Сара Џесика Паркер e родена 25 март 1965 и е американска глумица и продуцентка, со портфолио на настапи на телевизија, филм и театар. Позната е по својата улога како Кери Бредшо новинар во весник, на рубриката за секс во телевизискиот серијал на HBO Сексот и Градот (Sex and the City); улога за која освои 4 Златни глобуси и 2 Еми награди. Сексот и Градот е популарна американска серија создадена од Дарен Стар. Премиерно е емитувана на HBO од 1998 до 2004, вкупно од шест сезони. Серијата е сместена во Њујорк и се фокусира на четири женски ликови. Сметана е за ситком, но има серијализирани приказни како во сапуница, како и драматични елементи. Серијата е главно снимана во Њујорк, во Силверкап студијата, но и во Менхетен.

Најпозната е по нејзината улога како Кери Бредшо, хероината од популарната ТВ-серија „Сексот и градот“. Но вистинската Сара е многу поразлична од ексцентричната њујорчанка која секогаш е сама и често се чуди со кој маж да ја помине вечерта ( но ако и вие сте мислеле така – одајте и признание на добрите актерски способности). Упорната работа и тешкото детство ја потикнале да успее во животот. Но, како се вели – тоа, што не те убива само те прави посилен, така и Сара тешкото детство ја мотивирало да стане голема ѕвезда. Крајниот резултат е жена создадена специјално за Бродвеј, надарена со трите карактеристики, кои таму се ценат највисоко: пејачки, танцувачки и актерски. И покрај тоа што нема потреба од пеење и танцување, благодарение на се попризнаените актерски способности, и интересни улоги нејзиниот статус на одлична глумица веќе е потврден.

Паркер е родена во Нелсонвил, Охајо, како ќерка на Барбара, која била оператор и учителка во градинката, и Стивен Паркер кој бил бизнисмен и новинар. Татко ѝ бил родум од Бруклин и бил Евреин, со оригинално семејно презиме „Баркан“ (син на коен). Паркер за себе кажала „Јас секогаш се сметав себеси за Еврејка“. Нејзините родители се развеле кога таа била мала, а мајка ѝ се премажила за Пол Форст. Паркер пораснала со мајка си, очувот и седумте полубраќа и сестри. Како мало девојче, таа вежбала пеење и балет и набргу добила улога во „Невините“ во продукција на Бродвеј.

Во 1997 таа се појавила како Франческа Ленфилд, пропадната бивша дете-актер во комедијата Додека ти беше тука. Подоцна истата година и било испратено сценариото за серијата Сексот и градот, која била и драма и комедија во продукција на HBO. Креатотот на серијата Дарен Стар била одлучна да ја земе Паркер во серијата. И покрај сомнежите да прифати телевизиска улога на подолг период, Паркер се согласила. Првата сезона од серијата се покажа како огромен успех, издигајќи ја Паркер на повисок статус.

Паркер стана многу влијателна во светот на модата. Во 2005 таа беше домаќин на MTV филмските награди и се пресоблече дури 15 пати во текот на шоуто. Таа стана заштитно лице на многу од светските модни брендови со својата работа и низ многу рекламни кампањи.

На 19 мај, 1997 година таа се омажи со Метју Бродерик со кога ја запознал нејзиниот брат. Двојката се венчала со општинска церемонија во историската синагога на Лоцер Ист Сајд во Менхетен, која веќе не се користи како свето место. И двајцата се сметаат за Евреи од културолошки аспект. Нивното прво дете, синот Џејмс Вилки Бродерик се роди на 28 октомври, 2002. Бил крстен по таткото на Бродерик, истакантиот ирско-американски актер Џејмс Бродерик.