Сара Џесика Паркер – една убава дама на 50 години



Актерка, продуцент, носителка на две награди “Еми” и четири награди “Златен глобус”, мајка и современа икона за стил, Паркер има огромно влијание врз модата и визијата на жени од сите возрасти.

Најпозната е по нејзината улога како Кери Бредшо, хероината од популарната ТВ-серија „Сексот и градот“. Но вистинската Сара е многу поразлична од ексцентричната њујорчанка која секогаш е сама и често се чуди со кој маж да ја помине вечерта.


Упорната работа и тешкото детство ја потиканле да успее во животот. Но, како се вели – тоа, што не те убива само те прави посилен, така и Сара тешкото детство ја мотивирало да стане голема ѕвезда. Крајниот резултат е жена создадена специјално за Бродвеј, надарена со трите карактеристики, кои таму се ценат највисоко: пејачки, танцувачки и актерски.

Таа стана заштитно лице на многу од светските модни брендови со својата работа и низ многу рекламни кампањи. Паркер потпиша неверојатно добро платен договор со Гарниер. Таа се појави и во нивните реклами на телевизијата и во печатот, промовирајќи ги Нутрис продуктите за коса. Во 2004 таа започна меѓународна кампања за Геп, но нејзиниот договор со овој гигант во светот на облеката беше наеднаш раскинат во пролетта 2005, во корист на британската соул пејачка Џос Стоун.


Паркер е истакнат член на Холивудскиот женски политички Комитет и претставник на УНИЦЕФ за уметнички настани.Во 2006 патуваше во Либија како амбасадор на УНИЦЕФ, при што коментираше: „Ова е место кое добива малку или никакво внимание, па ние ќе се обидеме да го свртиме вниманието“. Во моментот е амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ за САД. Од 2007 живее во Њујорк со својот сопруг и син.