Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge – Моќта на убавината



Минатиот месец Samsung ги претстави своите нови модели на мобилни телефони Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge. Двата модела претставуваат не само нов и иновативен дизајн туку нудат и редефинирано софтверско доживување.


Метал и стакло

Samsung Galaxy S6 пристигнува со силни и остри линии, изработен од метал и од стакло. Начинот на кој Samsung Galaxy S6 edge е обвиткан од стаклото, му дава спектакуларен изглед, со кој не може да се пофали ниту еден друг модел на смарт-телефон. Иако ова се најтенките телефони на Samsung досега, нивната иновативна технологија и препознатливото Galaxy доживување ги става овие два 5.1″ QHD Super AMOLED во „тешката категорија“ смарт-телефони.


Паметно полнеље

Galaxy S6 и Galaxy S6 edge ја имаат функцијата за безжично полнење што Ви овозможува секогаш да бидете подготвени за следното од Вашата агенда. Исто така, и двата модела ја нудат можноста за брзо полнење, со што за само 10 минути полнење на батеријата, добивате 4 часа време за користење на телефонот.


Усовршена камера

Без разлика дали фотографирате спектакуларно изгрејсонце, ја овековечувате роденденската забава или правите селфи со пријателите, предната 5-мегапикселна и задната 16-мегапикселна камера се подготвени во секој момент да го „заробат“ секој убав миг. Благодарение на функцијата Optical Image Stabilisation, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор за подобри резултати при слаба осветленост, Вашите фотографии ќе воодушевуваат.

Најдобриот дисплеј на пазарот

Заштитен со најновото стакло Gorilla, фасцинантниот QHD Super AMOLED дисплеј од 5.1 инчи преку неверојатната резолуција и апсолутна точност на боите овозможува фотографии и видеа што Ви го даваат чувството како да се живи.

Изглед по Ваш вкус

Која боја најдобро Ве опишува? Пронајдете го вистинскиот Galaxy S6 или Galaxy S6 edge за Вас и тој во целост ќе се вклопи во Вашиот стил.

Со овие смарт-телефони, Samsung ги урна рекордите на резервација со бројка од повеќе од 20 милиони нарачки. Ако сакате да бидете меѓу првите во Македонија што ќе се пофалат со најновиот модел на Samsung, одете во Vip и направете ја Вашата резервација. Телефонот ќе го добиете заедно со специјален подарок – оригинален безжичен Samsung полнач и оригинална Samsung футрола!