Само за 2 минути: Колачот, во кој сигурно ќе се заљубите



Ви се поткаснува нешто слатко, но не умеете да готвите. Потребни ви се само главните производи, една чаша, микробранова печка и време од две минути.

Состојките се следниве:

2 лажици шеќер
3 лажици брашно
2 лажици какао
1 јајце
една лажица масло
3 лажици млеко
1 парче чоколадо
прашок за пециво.

Сите производи ги ставате во чашата, и ги мешате со вилушка и лажица. Ја ставате чашата со смесата во микробранова печка за минута и пол. Колачот треба внатре да остане мек и сочен.

Може да се конзумира со лажичка и да се комбинира со чаша млеко или кафе, но пред тоа почекајте да се излади.