Само како што женаа умее да направи… Да те нахрани… Да те напои.. Да те заслади… А ти и да не сетиш дека таа



Ах, кутрата


Дојди и крени го сидрото
Со кое ја вкочани душава
Не мачи ја повеќе кутрата
Која будно те чека катавечер
За траорно да ја успиваш
И миговно насмев да и измаиш
Да се присети кутрата
Како го креваш превезот на зората
Која те одведува далеку од неа
Чиниш во утробата болки и вијат
Та повторно ќе ја сеќава
Сенката која полека се затскрива зад аголот
Додека целосно не исчезне
Ах, кутрата
Ќе занеме за миг
Колку да го удостои твоето заминување
Та одеднаш ќе се закити со свежина
И покрај модринките
Од ладните железни кругчиња
Кои го ѓердан се нанижени од неа до сидрото
И покрај се
Кутрата ќе ги рашири рацете
Како што секогаш бидува
И од тело трпеза ќе направи
Од здивовите кои полека избледуваат
Чаршав ќе распостели
Покривајќи го отсутното
Кое секогаш е најмногу прусутно
Ама онака вистински
Само како што женаа умее да направи
Да те нахрани
Да те напои
Да те заслади
А ти и да не сетиш дека таа
Таа и покрај се едвај преживува
Ах, кутрата
Чиниш мачка со девет животи
Која ниту еден не живее за себе
Ах, кутрата
Љубеше…
Не кревајќи го сидрото
За да не побегне од самата себе.
Ах, кутрата
Ах
Ах….

Автор: Стојановска Ружица