Сакав да плачам, да се изнаплачам, да ми олесни .. Но знаев дека на мојата душа сега тоа најмалку и треба …



Име…


Долга и студена зимска ноќ , иста како и ходниците на таа зграда . Тишината ја буди упорниот часовник кој не потсетува зошто сме дошле на овој свет , која е нашата улога ..Речиси го слушам како ми кажува .. Со секоја секунда сум се помалку тука и ќе треба да заминам …
Во тие мигови , мојата далечина е толку многу присутна , што речиси е невозможно , но јас гледам се’ , и се молам со сето срце и душа .. За мојата душа , која спие , ненадејно заспа , ја понесе ангелот на своите крилја , сакаше да ја прошета низ небесното синило и рајските птици , да и ја стопли душата со милината на тој универзум каде патуваше … И се повеќе се оддалечуваше од нас …
Ја гледав како мирно спие , телото смирено ги следеше движењата на дијафрагмата , но мојата душа беше далеку од мене , далеку од нас..
Сакав да плачам , да се изнаплачам , да ми олесни .. Но знаев дека на мојата душа сега тоа најмалку и треба … Сега и требаше силен човек со непоколеблива вера , кој ќе ја дрржи цврсто , човек кој ќе ја сака со цело свое срце , човек кој ќе верува во неа …

Текстот продолжува на следната страна:


Страни: 1 2