Сакате силен и рамен стомак? Еве ги вистинските вежби



Јогата е еден мирен режим на вежби кои исто така можат да бидат корисни и за други начини, вклучувајќи ја и можноста за намалување на тврдокорните стомачни масти.

Јогата е пракса која би можела да помогне и на почетниците во многу насоки. Таа е погодна за бремени, и за луѓе кои на здрав начин сакаат да ги намалат килограмите, особено во проблематичните зони.


Кобра

Легнете на стомак со испружени нозе и ставете ги дланките под рамениците. Осигурајте дека брадата и прстите го допираат подот. Вдишувајте полека и кревајте ги градите, со свиткување наназад кон колковите. Ставете ги рацете со дланките облегнати целите, неподвижни на подот.


Држете ја оваа позиција 15 до 30 секунди. Издишете полека, враќајќи се на стомак на подот. Повторете пет пати, со 15 секунди пауза помеѓу нив.

Лак

Легнете на стомак, за да започнете. Истегнете ги нозете надвор и рацете од секоја страна на телото. Свиткајте ги колената и соберете ги рацете назад кон нив. Потоа задржете. Дишете и кренете ја главата. Обидете се да ги кренете нозете нагоре и наведнете ја главата наназад. Држете 30 секунди. Не заборавајте да дишете нормално. Повторете пет пати, со 15 секунди пауза помеѓу нив.

Мост

Легнете на грб со испружени нозе. Рацете треба да се до телото. Дишете и почнете да се покренувате на нозе. Обидете се да ги подигнете нозете додека ги исправате стапалата и прстите. Подигнете го со раце нагоре горниот дел на телото, откако ги поставите дланките на земјата и се обидете да стигнете до нивото на нозете. Држете за 15 секунди, додека дишете нормално. Опуштете се. Издишете. Повторете пет пати, со паузи меѓу нив.

Страни: 1 2