Сакате посилен оргазам ?



Многу жени не се целосно задоволни од својот сексуален живот, бидејќи не успеваат да доживеат оргазам секој пат за време на секс. Некои мажи се исто така незадоволни од интензитетот на своите оргазми.


За среќа, едно германско истражување открива на кој начин можат да се решат овие проблеми. Според научниците љубовниот хормон „окситоцин“ е потребниот додаток на сексуалниот живот, за да биде подобар.

Истражувачите од Медицинското училиште на Хановер испитувале 29 парови, од кои дел користеле спреј со окситоцин пред секс, а останатите – плацебо спреј.


Потоа учесниците биле замолени да пополнат прашалник за нивното сексуално искуство и да ги опишат емоциите кон својот партнер. Резултатите покажале дека луѓето кои користеле спреј со окситоцин пред секс, имале повеќе пријатни оргазми.

Исто така, тие се чувствувале позадоволни од сексуалниот чин. Ефектот бил поизразен кај мажите отколку кај жените. Сепак некои од дамите кои го имаат усвоено хормонот на љубовта соопштиле дека чувствувале поголема способност да се соживуваат кон својот партнер.


Иако резултатите се интересни, истражувачите сметаат дека ефектот од окситоцин нема толку големо значење. Окситоцинот се произведува од хипоталамусот и се чува и секретира од хипофизата. Хормонот се излачува во големи количини за време на раѓање, пишува Daily Mail.