Сакате домашна моцарела ? Ви даваме лесен рецепт, кој трае 30 минути !



Се прелива свежо млеко во голем сад. Загрејте го на тивок оган до 55 степени. Мешајте бавно и постојано. Откако млекото достигне до 55 степени, додадете ја лимонската киселина и добро промешајте. Кога млекото стигне до 88 степени, додадете квасецот за сирење и мешајте. Токму тогаш млекото ќе почне да се згуснува.


Откако дојде до 90 степени, мешајте многу внимателно и бавно. Кога смесата дојде 95-105 степени извадете ја од топлината и оставете ја да отстои 5 минути.

Со лажицата со дупчиња извадете го ” кајмакот ” во куп. Ако во чинијата има од сурутка, истурете ја повторно во тенџерето. Потоа ставете ја моцарелата во микробранова фурна за 60 секунди. Ако повторно пушти сурутката, отстранете ја.


Потоа распределете ја топлината рамномерно. Повторно ставете го во микробранова за 30-40 секунди. Истурете ја сурутката. Посипете го сирењето со сол и вратете го во микробранова за уште 30-40 секунди. Истурете го вишокот сурутка. Во овој момент сирењето треба да е многу жешко и повеќе ќе изгледа како растопена моцарела. Раширете го сирењето и преклопете го на три. Потоа можете да го поделите на топки. Ако сакате да го зачувате во фрижидер за подоцна, ставете го во сад со ладна вода.

Страни: 1 2