Сакам да те соблечам. Парталче по парталче …



Автор: Драган Таневски


СОГОЛУВАЊЕ

Сакам да те соблечам.
Парталче по парталче
да те соголувам.
Алиштата,
долната облека,
потоа – кожата,
месото,
коските…
Се додека не остане
тоа едно светликаво нешто,
како мало сонце,
како делче од Бога во тебе.
Ете тоа да го гушнам.
Да го бакнам.
Дека тоа ми дава живот.