САКАЈТЕ ГИ СО СЕТО СРЦЕ: ЖЕНИТЕ ОД ОВОЈ ЗНАК СЕ НАЈВНИМАТЕЛНИ ПАРТНЕРКИ



Припадничките на овој хороскопски знак копнеат по искрено партнерство, кое нивното срце најмногу го посакува. Доколку сакате да ги задржите покрај себе, мора целосно да им се посветите и искрено да ги сакате.


Тоа е – Вага!

На Вагата ѝ е потребен простор и слобода да биде онаква каква што е. Припадничката на овој знак никогаш нема да ви даде критика, сè до оној момент додека вистинскиот спектар на зборови не зазвучи реално во нејзиното срце. Таа добро размислува пред да ги изговори зборовите. Немојте да се изненадите доколку ви напише писмо. Интензитетот на нејзините чувства е голем. Таа ги сака зборовите, магијата што ја поседуваат, начинот на коишто можат да ја ослободат.


Поради тоа, доколку сакате да ја задржите жената Вага покрај вас, мора да прифатите дека зборовите ѝ се многу важни и ги користи како што сликарот ја користи четката за изразување на своите емоции на платното. Вагите не лажат и не се фалат, едноставно не се добри во тоа. Вашите зборови упатени кон неа никогаш не смеат да бидат празни. Тие презираат неисполнети ветувања.

Жената Вага е уметник и за да опстане во реалниот свет, таа мора да го пронајде својот начин на изразување. Потребни ѝ се предмети и звуци, мириси и текстури, кои длабоко во неа поттикнуваат чувства поради кои може да каже „Да. Тоа е тоа, сега е сè како што треба“. Доколку сакате Вага треба да знаете дека таа има потреба од својата уметност, како што вие имате потреба од воздух.


Страни: 1 2