Сакај ја. Сакај ја поради неа. Поради тоа што е. Поради дупчето на образот кога се смее …



Не мора да ја држиш за рака за да ве видат другите. Не мораш.
Мораш да ја држиш за срце и да го освоиш се она што не се гледа. Не мораш никогаш да ја бакнеш на јавнo место, дури ни во образ, но мора да го сакаш се тоа што она е. Дури и она што не би го сакал. И не мораш да поклонуваш скапоцени поклони, мораш само да ја купиш нејзината радост. Со насмевка, со гушка и доверба со која ќе знае дека секогаш си тука за неа.
Сакај ја. Сакај ја поради неа. Поради тоа што е. Поради дупчето на образот кога се смее и очите со кои го гледа животот.
Поради начинот на кој збори и оди, поради целата нејзина љубов и сите необјасниви желби.
Сакај ја и кога самата не се сака. Тогаш објасни и дека ја сакаш баш таква каква што е.


И немој да ја сакаш затоа што е убава.
Нека ти биде убава затоа што ја сакаш.

Немој да ја разочараш. Само сакај ја.
Таква каква што е. Со цело срце.


Автор: Дејан Велевски