Розовата е најмодерна боја за ова лето



Најмодерната боја за летото 2014 ќе биде розовата. Топлотниот моден тренд веќе беше демонстриран на црвениот тепих кај ѕвездите како Бијонсе, Сандра Булок и Лара Стоун.


Лара Стоун за време на фестивалот во Кан, се појави на црвениот тепих во розова наметка на Келвин Клајн, која ја истакнуваше нејзината убава фигура.

Бијонсе исто така во Њујорк, излезе во комбинирана слободна розова наметка со високи потпетици.


На церемонијата на доделување на наградите за изборот на мажите, актерката Сандра Булок исто така се појави во светло розова боја, без презрамки.

Модните експерти советуваат, кога избирате облека во розово, да поставувате врз себе што е можно помалку можни додатоци, бидејќи бојата е доволно светла за да постигнете силен акцент сама по себе.


Покрај тоа, вниманието треба да се насочи кон розовата облека, а не кон некој претрупан додаток.

Меѓу модерните бои за летото 2014 ќе биде уште сината и жолтата, кои традиционално ги поврзуваат со морето и сонцето, карактеристични за летните денови.

Опсегот на препорачаните сини бои оваа година се прошируваат од небесно сина до турско сина, а оваа година дизајнерите Dior, Donna Karan, Diane von Furstenberg, Dolce & Gabbana, Emilio Pucci, Fendi, Jenny Packham, Max Mara, Nina Ricci, Tommy Hilfiger и Vera Wang сметаат на оваа боја во своите колекции.

Жолтата останува меѓу модерните бои и ова лето, цикламата исто така ќе биде меѓу тенденциозните бои при облекувањето. Цикламата несомнено владееше на модните писти оваа година.

Покрај силните бои модните експерти велат дека на мода влегуваат и топлите бои, па за ова лето препорачани се телесните и песочните нијанси.

Roberto Cavalli и Diane von Furstenberg од друга страна советуваат во летото 2014 да ја носите белата боја.