Домот нека ви замириса на свежо подготвена домашна пита.
Засукајте ракави и исукајте го тестото.
Состојки:
состојки за тесто
1 кг брашно
½ л млеко
1 коцка квасец
3 помали кафени чаши зејтин
1 јајце
2 супени лажици шеќер
1 супена лажица сол
состојки за фил
2 јајца
350 г сирење или урда
500 г спанаќ
Подготовка:
Фил: Јајцата малку се матат со путер и се додава згмечено сирење и спанаќ.
Редење: Од сите состојки за тестото се замесува меко тесто. На набрашнета површина, тестото се сука во форма на правоаголник и се филува со фил.
Ролат: Се формира ролат, се сечат на парчиња (кришки) и се редат во плех за печење. Парчињата се премачкуваат со жолчка, одозгора се става сусам и се остава да нарасне.
Готова пита: Откако ќе се испече, уште жешки, се поливаат со (околу) 150 мл млеко и се оставаат да се подисушат во топлиот плех.