РЕЗИДЕНЦИИТЕ ИСТ ГЕЈТ ЛИВИНГ СЕ РАЗВИВААТ СО ГОЛЕМ ПРОГРЕС



За време на вчерашниот шопинг на финална распродажба до полноќ, во Ист Гејт Мол, ИСТ ГЕЈТ ЛИВИНГ организираше презентација за пријатели и клиенти, на која го презентираше прогресот на градежните активности. Резиденциите ќе ја добијат финалната фасада од септември а ќе се завршени до декември 2022. Становите ќе бидат вселливи до крај на јуни 2023, а партерните паркови до август 2023.


Посетителите ужуваа во голем број на концертот со македонски шлагери кој е дел од програмата на Скопско Лето годинава.
Платото меѓу Ист Гејт Ливинг и Ист Гејт Мол ќе биде платформа за културни настани, концерти и претстави, која ќе биде од големо значење на развојот на општествениот живот во овој реон кој полека прераснува во ексклузивна населба.