
На прв поглед се чини дека бајадерата е посложена, но напротив, брза и лесна е за подготовка
Состојки
• 400 гр. шеќер
• 8 лажици вода
• 150 гр. ореви мелени
• 150 гр. бисквити мелени
• 150 гр. путер или маргарин
• кора од лимон
• 2 лажици рум
• 3 ребра чоколадо
• 4 ребра чоколадо за глазура
• малку зејтин
Упатство
Бајадерата е исто од групата старински колачиња на кои вредноста им расте со тек на времето уште повеќе.
Оваа доза е релативно мала, потребно ви е правоаголно тавче долго отприлика 30 см.
Прво го варите шеќерот со водата додека не се растопи убаво и постојано мешате. Потоа го тргате од рингла и ги додавате бисквите, оревите, путерот, рендана кора лимон и румот. Ја мешате целата смеса убаво и од неа издвојувате половина во друг сад.
Во првиот дел кој е се уште топол го додавате чоколадото и мешате убаво.
Сега во тавчето го ставате првиот дел со чоколадото, со рака го местите убаво како да е тесто.Одозгора го ставате белиот дел, притиснете слободно со наводенета рака за да израмните и соедините. Кога двата дела се убаво поставени еден врз друг, ставете ја глазурата, растопете го чоколадото со малку зејтинче.
Оставете ја бајадерата да се олади и стегне.
Сечете правоаголни парченца или коцкички…
Бајадерата ќе биде посна ако користите маргарин.
Може да се замрзне, но само во еден ред, за да не се уништи глазурата…
Направете ја што побрзо! Превкусна е.