Ремек дело кое ќе ве освои: „Не станувај женкар сине“



Не станувај женкар сине
Не биди како денешните женкар, сине.
Тие се многу страшна работа.
Но така не се заработува почит.
Така не се станува маж.
Така се станува кукавица.
Само кукавиците се способни да се гордеат ако смачкаат жена.


А што и да ти зборува таа.
Без разлика колку те предизвикува.
И дури и да си способен со два збора да и ја сринеш самодовербата.
Не го прави, сине.

Жената ќе ти каже милион работи кои не ги мисли навистина.
Дека те мрази.
Дека не те сакала.
Дека не сака да те гледа повеќе.
Иако всушност не може без тебе.


Верувај ми.
Понекогаш не стануваш помал, ако не одвратиш.
Напротив.
Стануваш многу поголем отколку што претставуваш.

Бидејќи секој будала умее да зголемува тон.
Секоја будала умее да навредува.
Секоја будала умее да повреди.
Но, само силните умеат да молчат кога им доаѓа да врескаат.


Запомни, сине.
Вистинските мажи никогаш не посегнуваат на жени.
Ниту со зборови.
Ниту со раце.

Автор: Димитар Калбуров