Регионот се обедини со заедничка цел: Проектот за зголемување на количината на рециклирано стакло започна како уште еден чекор кон Европската унија



Количината на амбалажа од рециклирано стакло во регионот на Западен Балкан е сè уште далеку од нивото пропишано од Европската унија. Додека членките на ЕУ рециклираат 70% стаклена амбалажа годишно, во Србија овој таа бројка изнесува 44%, во Северна Македонија 30%, а во Босна и Херцеговина 12%, беше посочено на регионалната онлајн конференција каде беше презентиран проектот „Управување со стаклено пакување на Западен Балкан“, инициран од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), во соработка со оператори за отпад од пакување – компании Секопак, Пакомак и Екопак, и спроведени во Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, со НАЛЕД, РедаХ и Зелс- како партнери за спроведување.


„Во процесот на пристапување кон ЕУ, Германија е целосно посветена во поддршката на партнерите од Западен Балкан во решавањето на еколошките предизвици. Во секторот за управување со отпад, многу земји во Европа се соочуваат со низа потешкотии, особено кога станува збор за отпад од пакување. Овие предизвици не можат да се надминат од еден чинител бидејќи тие бараат здружена сила и моќно и трајно партнерство. Затоа германската развојна соработка ги поддржува нашите партнери да овозможат економски ефикасен ланец на вредности за рециклирање стакло. Се надеваме дека заедно ќе создадеме подобра иднина“, рече Кристијан Шилинг, раководител на Одделот за развојна соработка во Германската амбасада во Белград.

На настанот беше посочено дека со цел да се подобрат рамковните услови за воспоставување на економски вредносен ланец на рециклирање стакло во регионот, клучно е да се зголеми количината на собрано стакло, како и да се постават предуслови за повторна употреба на стаклен отпад, како што е поставување на подобра инфраструктура за одложување и рециклирање на истиот.


„Во моментов количините на стакло кои од комуналните служби ги собираат оператерите на амбалажен отпад во Србија, Северна Македонија и БиХ се недоволни и под капацитетот на рециклажните погони. Поради тоа стаклото сѐ поретко се носи на рециклирање, додека трошоците за транспорт стануваат поголеми. Така, една од главните цели на овој регионален проект е да се зголеми просечната количина на собран стаклен отпад во сите три држави за околу 20%. На почеток се вклучени пилот општините Штип и Илинден во Северна Македонија, Ниш и Сомбор во Србија, Бихаќ и Нови Травник во БиХ“, појаснуваат носителите на проектот.

Според нив општините се најповикани да дадат поддршка на заложбите да ги постигнеме европските стандарди на национално ниво и да обезбедиме масовно вклучување на населението во активностите за селектирање стаклена амбалажа и за зголемување на собрани количини отпад од стакло. Во таа насока за пилот општините во Македонија (Илинден и Штип) се обезбедени 78 бесплатни контејнери за собирање отпад од стакло, распоредени на најсоодветни места во овие две општини.


Конференцијата ги обедини сите партнери во проектот, како и градоначалниците на пилот-општините, кои заклучија дека е клучно да се направи чекор кон профитабилна циркуларна економија во регионот. Проектот за управување со пакување на стакло се спроведува во рамките на програмата за развојна соработка со приватниот сектор – develoPPP.de финансиран од германското сојузно министерство за економска соработка и развој.