Разделбата не е лесна работа: Еве како да препознаете дека е време да ја напуштите врската


Ве изневерува. Многу ретки се жените кои можат вистински да му простат на својот партнер за изневера.

Но, уште поретки се мажите кои само еднаш „скршнале“ од правиот пат, ако нивната партнерка веќе покажала милост кон нив. Ако сте на почетокот на врската и дознаете дека тој „седи на две столици“, не двоумете се да ставите крај. Кога тој се осмелува да ве изневерува на почетокот, што останува за понатаму.

Опсесивно љубоморен е и не презема ништо за да се промени. Љубомората е дел од секоја врска.

Кога е присутна во мала доза, таа може да го одржува пламенот во врската, но ако премине во опсесија, тогаш може секојдневно да предизвикува кавги, расправии и дури да премине во насилство. Ако вашиот партнер постојано ве контролира, сака да знае за секој ваш чекор и не може или не сака да ја контролира својата „болна“ љубомора, најдобро е да се обидете да му раскинете на мирен начин.

Страни: 1 2 3 4