Дали тој прави редовно вежби во креветот, можеш да разбереш според тоа колку често се тушира. Ако господинот влегува само рутински во бањата и се мие за секунди, по што нема трпение да излезе, значи дека му недостасува имагинација во кревет.
Ако сепак си останува подолго време во бањата и обожава да се капе, значи дека си имаш работа со страстен љубовник. Покрај тоа, овој тип на мажи се самовљубени, си го обожаваат телото и се сметаат за дар Божји за жените. Тешко се заљубуваат и тешко остануваат верни само на една жена. Тоа значи дека за да привлечеш внимание, ќе ти треба повеќе од шарм.
Мажот кој се капе еднаш на неколку дена, има потреба од поддршка и сочувство. Ако остане сам, може и сосема да се занемари. Тој има потреба од жена која го поттикнува и да го потсетува да се грижи за себе. Овој тип на мажи се многу добри и верни пријатели и можеш да се потпреш на нивната поддршка. Не се многу романтични и емоционални, а во кревет се прилично просечни.