Растурете на интервју за работа: 3 работи што гарантираат успех



Многу луѓе бараат работа и скоро сите ја поминуваме истата процедура: барање на интернет, составување биографија, пријавување на конкурс, и ако имате среќа, најстрашниот чекор – разговор лице во лице.


Бидејќи на интервјуто е најбитен првиот впечаток, најверојатно затоа што нема ни да имате шанса за втор, прочитајте ги трите совети од светските бизнис стручњаци за кои мора да водите сметка во текот на разговорот за работа. 

  • Бидете фокусирани

Покажете дека сте фокусирани со тоа што ќе ги истражите податоците за компанијата во која сакате да се вработите. Не е прифатливо ни најмало не знаење во време на модерната технологија. Покажете страст и фокус посебно за областа во која сакате да работите и за позицијата за која што аплицирате.


  • Бидете стабилни и сигурни

Работодавците ценат ментално, емотивно и физички стабилни личности. Постојат многу кандидати за едно работно место, и нивните несигурности може да избијат на прв план во текот на разговорот. Исто така, лош пример се и оние кои премногу го мразат поранешното вработување и имаат потреба тоа да го потенцираат. Ниеден шеф не сака да чуе како лошо зборувате за претходниот шеф, зошто и тој самиот би можел да се најде во таа позиција.  Затоа останете воздржани и јазикот зад заби!

  • Бидете профитабилни

Профитабилноста значи опстанок и растење, така што вашата способност да предложите налини на кои компанијата би можела да оствари поголем профит е нешто што сигурно ќе ве одвои од масата.
За да го направите тоа, прво мора да разберете како компанијата прави пари и како вашата улога во неа би можела добро да се искористи.