Рамстор Мол Ѕвони: Попусти, подароци и концерт на Елена Ристеска



По повод 10ти Јуни, последниот училишен ден и почеток на летниот распуст, за сите ученици Рамстор Мол подготвува одлична програма.


Под слоганот ,,Рамстор дели петки“ , трговскиот организира многу поволности за учениците: за секоја сметка од над 500 мкд направена во трговскиот на 10 Јуни, во периодот од 12 до 17 часот  учениците ќе добијат право на подарок преку игра со тркало на среќни петки. Додека најмладите ученици пак, ќе добијат можност да бидат нацртани со уникатни петки. Во текот на целиот ден не очекуваат големи попусти на детските колекции.

Централен настан ќе биде концертот  во живо на Елена Ристеска, заедно со нејзиниот бенд Троја, кој ќе започне во 13.00 часот. По завршувањето на концертот, обожавателите на Елена ќе имаат можност за дружење и фотографирање со неа.


Драги ученици, на 10ти Јуни, дојдете во Рамстор Мол по своите загарантирани петки и уживајте во летниот распуст.