Рачно изработен лампион со шеќер



Бидејќи се ближи Нова година, решивме да ви презентираме рачно изработен стаклен лампион со шеќер и мала елка во него. За него потребно е  празен стаклен лампион ,гранче од елка, малку бел спреј и шеќер.


Најпрво гранчето се засекува така што да добие конусна форма и да личи на мало дрво елка. Потоа се попрскува со спреј за да изгледа како да е посипана со снег. Се прицврстува за дното со лепак и потоа се поставува шеќерот на дното. На крајот лампионот се затвора и е спремен да ја краси вашата новогодишна елка.