Работите за кои луѓето најчесто жалат пред да умрат



Секој човек кој се раѓа на оваа Земја, порано или подоцна умира. Тоа е суровата вистина – животот е еден кружен тек: едни се раѓаат, други умираат.


И додека сеуште сме во цутот на младоста и во највиталните години, ние обично не размислуваме за крајот. А животот си тече и деновите поминуваат незабележливо.

Грешките кои ги дозволуваме на патот, се нашите наставници и токму наученото од нив не прави искусни. Нема како да се заштитите од грешките, бидејќи тие се нешто неизбежно.


Една медицинска сестра од Австралија ги запишала работите за кои нејзините пациенти зажалиле најмногу пред да умрат. Еве и кои се најчестите:

“Посакувам да не работев толку многу”

Одлично е човек да гради кариера, да сака да се развива професионално и да освојува врвови. Но, работата никогаш нема да заврши – со неа ќе дојдат парите, но не и слободното време. По неколку години многу од кариеристите се наоѓаат богати со пари, но не и емоционално.

“Посакувам да живеев така, како што сакав јас, а не онака како што другите очекуваа од мене”

Сосема нормално е човек да бара одобрување од луѓето, особено од најблиските. Но, на крајот секој има свој живот и токму тој треба да одлучи што да прави со него. Не дозволувајте да носите важни решенија, покрај својата волја, само за да ги направите другите среќни. Ако не сакате да работите нешто досадно и неинтересно за вас, едноставно не правете го тоа. Следете го срцето, за да не бидете разочарани по години.

“Посакувам да имав храброст да ги искажам чувствата”

Знаеш дека човек жали за работите кои не ги направил, а не за оние кои ги направил? Затоа не дозволувајте цел живот да се прашувате што ли ќе се случеше, ако имавте споделено чувства кон одредена личност. Најлошото со кое може да се судрите, е одбивањето. Тоа сепак ќе помине за разлика од она прашање “што ли ќе биде ако …”, кој цел живот ќе те малтретира.

“Посакувам да одржував контакт со моите пријатели”

Пријателството е нешто страшно и секој човек има потреба од него, исто како од љубов. Многу причини сепак може да доведат до ладењето на едни пријателски односи, а со годините ова се случува се почесто. Кога еден возрасен човек треба да размислува за сè, а не само за игри, тој многу потешко успева да одржи пријателство.

“Посакувам да можев да ја сфатам подобро среќата”

Веќе сме разговарале за тоа дека презаситеноста е еден огромен бич за нашето општество. Бидејќи човек се заблудува дека ќе биде среќен само кога ги добива работите што ги сака. Но, по новиот фустан доаѓа новиот телефон, по него новиот автомобил и циклусот никогаш не завршува. Секогаш ќе има нешто што ќе ви недостасува, но тоа не смее да биде причина да не се чувствувате среќни. Секој нов ден, во кој се будите здрави, само по себе е среќа и благослов. Не го заборавајте!