Работите во животот се минливи. Ако е лошо нема секогаш да биде лошо, ако е добро … (Поучна приказна)



Еден човек решил да се самоубие и се качил на еден мост за да скокне од него.

Во тој момент го видел од долу еден стар рибар и му рекол:
– Еј, човеку, дојди малку.
– Не можам! Ќе скокам! – одговорил човекот.

– Абе дојди кога ти велам! Имам нешто важно да ти кажам. – рекол старецот.
Отишол човекот кај старецот и му рекол:
– Ми се смачи од животот старче. Ќе скокам.
А старецот му одговорил:
– Оди си дома, смири се, седни и прочитај ја оваа порака. – и му дал едно стуткано ливче.

Човекот си заминал дома, седнал и го отворил ливчето што му го дал старецот. На него пишувало: „Нема да е секогаш вака!“.

Продолжува на следната страна

Страни: 1 2