Работите кои мажите се уште треба да ги прават за жените



Иако во последните години жените запленуваат многу од машките квалитети, тие се уште остануваат женски. И ако имаат еден доволно силен и способен маж до себе, тие неминовно се потпираат на него во одредени ситуации. Само затоа што некои работи се уште се ” машка работа “.


Без оглед на тоа колку независна се прави девојката, таа има потреба од машка помош во некои моменти. Негова работа е да понуди помош уште пред да го праша.

Така прават одговорните мажи. Ако не разбирате за што точно станува збор, дознајте кои се работите кои таа очекува да бидат негова задача :


1 . Проблеми со возилото. Сијалички на фарови, цркнат акумулатор, дупната гумата – ако девојката има проблем со колата, тогаш тоа е ваша грижа.

2 . Да ја брани. Ако жената се чувствува навредена, негова задача е да стои како маж и да ја заштитува. Колку и да е силна една жена, таа никогаш не може да ја има машкоста на својот партнер. Освен тоа, во ситуации кога таа е повредена, таа има потреба од заштита. Сепак треба да се избегнува влегување во физички конфликти со други.


3 . Кревање на тешки предмети. Можеби веќе го знаете ова, но ако една торба тежи повеќе од 20 килограми, тоа е негова одговорност. На овој начин не само што ќе им олесни на жените, но според многу жени таквиот акт од страна на мажите се смета за многу секси (ви покажуваат сила и мускули).

4 . Да биде експерт. Негова задача е да го прочита упатството на новите кујнски апарати или пак да го состави новиот мебел.