Работите кои е поубаво да си ги кажете



Секоја врска се базира претежно на добра комуникација, доверба, почит и не на последно место – љубов. Првото се испоставува најтешко, бидејќи партнерите често чуваат тајни и колку и мали да се тие, може да ги уништат односите.


Некои премолчуваат и секојдневни надразнувања поради однесувањето и манирите на својот сакан / сакана, кои пак во даден момент ескалираат и исто така може да се претворат во голема расправија.

Еве 6 работи кои задолжително треба да муги кажете на партнерот, за да ја зачувате врската здрава и задоволителна:


Секс? Не сега, те молам

Во одредени моменти секој може да не биде нерасположен. Ако тој ве нападне љубовно и инсистира да одите во кревет, подобро да му кажете дека во моментот не сте за тоа, наместо да се чувствувате обврзана да го правите. Нема ништо лошо во тоа да му вратите, под услов да не е манипулативен метод да постигнете тренд во односите, што значи дека имате сериозен проблем.

Очекувања

Глупаво е тајно да се надевате за брак и деца без да сте зборувале со него на оваа тема и да дознаете што тој мисли. Во првите месеци од врската некако е несериозно да се фаќате на оваа тема, но во даден момент едноставно ставете ги картите на маса и видете дали одите во таа насока.

Љубов? Не и кон тебе

Веќе со години имате врска со еден маж, но одеднаш се појавува друг кој мислите дека е единствениот. Не го лажете овој пријател и не го избегнувајте разговорот за да не му го скршите срцето. Однесувањето со молчење не е фер спрема двајцата и е многу себично од ваша страна.

Потроши толку за тоа …

Секојдневните трошоци се си ваша работа. Но, кога сте во сериозна врска / брак и купите нешто многу скапо, не го кријте. Важно е партнерот да знае, бидејќи ќе одлучи дека штом не велите за тоа, веројатно имате и многу други тајни;

Што ви се допаѓа, а што не

Многу често во врската ви е криво заради недостатокот на комуникација, која ги принудува едниот да се почитува постојано со другиот. Тоа нема да се добие ако вие си кажете што ви се допаѓа, а што не, без разлика дали станува збор за храна, луѓе, места, навики и др.

Кога имате потреба од време

Објаснете му дека во конкретниот момент сакате време за да помислите за некакви работи и објаснете му дека уште не сте подготвени да разговарате со него за нив, но понатаму ќе го направите. Не го оставајте да нагаѓа зошто го игнорирате и да си го мисли најлошото.