Прва веган свадба во Македонија (Фото)



Македонија може да се пофали со убава природа, квалитетно вино, ајвар и домашно слатко, но овојпат може да се пофали и со првата веган венчавка. Наташа и Столе, двајцата долгогодишни активисти за правата на животните решија својата љубов да ја крунисаат како што најдобро знаат- со многу веганска храна.


Во атмосфера која совршено прилега на еко- духот на венчавката, меѓу зеленилото на Водно, овие две хумани души си кажаа „ДА”.

„All you need is love and vegetables” – стоеше во поканите


vegansvadba2

На венчавката имаше исклучиво веганска храна, а сите присутни уживаа во прекрасното мени.
Најдолго очекуваната свадбена торта беше креирана од слаткарскиот гуру Катерина Алексовска, сопственик и главен дизајнер на слатките задоволства во слаткарниците на Magic Cake.


Тортата од својата неодолива внатрешност па се до комплетната романтична декорација беше 100% веган слатко задоволство во кое имаа чест да уживаат сите гости кои беа дел од свадбената прослава.

Веган беше и бидермаерот на невестата, а богами и реверот на младоженецот.