Проверете дали во вашата соба владее добра или лоша енергија



Фенг шуи тест ќе ви помогне да откриете дали во вашиот дом владее позитивна или негативна енергија, а се прави со помош на пламен од свеќа. Со ова се проверува дали енергијата во одреден дел од просторот е „Чиста“, пишува македонијаденес.


Потребно ви се свеќа, држач за свеќа, запалка и целосен мир, без ветер.

Седнете на мирно место во станот. Запалете ја свеќата на држачот пред вас и мирувајте неколку минути со спуштени очни капаци. Направете доволно растојание помеѓу вашиот здив и пламенот од свеќата.


Доколку енергијата на просторот е добра – пламенот на свеќата е мирен и со златно жолта боја.

Доколку пак пламенот а свеќата пука додека гори, има сина боја, се однесува чудно и „се крши“ или исфрла искри – тогаш на просторот му е потребно енергетско чистење. Ваквиот „немирен“ пламен покажува дека во меморија а ѕидовите има лоши записи од претходни настани.