Проверен рецепт од пекар: Еве како да направите превкусни кифлички



Оставете го квасецот со малку млако млеко и брашно, да нарасне. Штом нарасне, додадете млеко, масло и вода, и конечно – шеќерот, солта и брашното.


Месете, додека се добие убаво меко тесто и потоа оставете го да нарасне. Нараснетото тесто поделете го на мали топчиња со иста големина, разплескајте го малку меѓу дланките и на секое ставете по малку сирење.

Затворете ги топките и ставете ги во подмачкан плех, оставајќи доволно растојание помеѓу нив, бидејќи при печењето тие ќе нараснат.


Оставете ги повторно да се кренат и пред да ги ставите да се печат, намачкајте ги со скршено јајце и сусам.

Печете на 180 степени околу 30 минути.