Провејување на снег: Еве какво време не очекува денес



Времето денес (20.02.2017) во Македонија во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со сончеви периоди додека на планинските места не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег.


Во текот на попладневните часови облачноста ќе се намали и времето ќе биде сончево со умерена локална облачност. Сепак најведро ќе биде во источната половина од државава.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој Долж повардарието ќе се засилува по интензитет. Минималната температура ќе се спушти во интервалот од -6 до 2 степени додека максималната ќе се искачи во интервалот од 4 до 12 степени.


Временската прогноза ја подготвија од meteomax.mk