“Project Orpheus” со канал на VEVO



“Снимен во живо, низ концептуална изведба со тематски континуитет, “Shaping The Static” ни отсликува еден богат, фиктивен наратив, поставен помеѓу апстрактни околности, чии интерпретации се адаптибилни и често диктирани од страна на индивидуалната имагинација на самиот толкувач.” вели Давид.

VEVO платформата претставува најпрестижна видео-музичка мрежа, основана од најголемите светски продукции Universal Music Group, Sony Music Entertainment и Abu Dhabi Media, како и Google преку кој музиката е синдицирана и достапна на YouTube. “Project Orpheus” ги исполни критериумите за високи продукциски побарувања и потребни за да биде дел од VEVO.

https://www.youtube.com/channel/UCi0PfBaqQeCN7vH1mqbbxWw (link од VEVO канал)

Во соработка со “DMA™ Music” која функционира во склоп на организацијата Digital.Millennium.Artists™, како проект за заштита и промоција на креативните и квалитетни дела, со посебен фокус на платформите како Apple iTunes, Google Play, Spotify, YouTube, Vevo и многу други “Project Orpheus” Ве покануваат со нив да наздравме за заедничкиот успех.