Прочитајте го овој извадок од романот ,, Низ ходникот ” на Ивона Талевска!



” … Славата не е реалност. Јас затоа никогаш не ги разбрав луѓето кои тргнале кон голема слава. Никогаш не се разбрав ни јас самата но принудно влегов во тој театар, каде што секогаш од некој ќе биде критикувана твојата улога.Или од повеќемина.

Ќе се поделат луѓето на половина . Некои од нив нема ни да ги знаеш , а веќе те мразат . Но ќе ти годи да растеш во центарот на сите случувања, ќе ти годи да лебдиш и да не погледнуваш надолу. Се збогуваш со оние кои вистински те создале и одиш кон оние кои ќе направат клон на тебе. А ќе имаш толку многу причини да застанеш…зошто секогаш поблиску е дното отколку вселената.

Сите ние верници што во непознатото се колниме , за душата забораваме.Се стремиме да стигнеме таму .Таму каде што не постои ,,доволно” , не постои ни врв , ни победник.Најмалку љубов и малку повеќе пари за утеха. Гратис внимание на оние кои ќе створат од озборување уште еден човек од тебе, за тебе непознат. Само ти нема да го знаеш, а сите други ќе го гледаат…Денес љубовта им остана на кучињата и циганите … ”

секогаш ќе постои една вистина која ни пред себе не сакам да ја споменам. Истата онаа која после патот на успехот ,,ќе ти удри шлаканица” за да те потсети каде си застанал. Во овој суров свет полн со лаги и измами. Сите предавници на материјалното купуваат трошка љубов наместо леб. Парите ја изместија својата насока за применување…и луѓето останаа гладни , болни и ненахранети.. Затоа залудно е , за ден свет не се менува! Им се подсмевнуваме на оние кои со чиста душа сакаат , а се молиме на други да ни пружат миг внимание. Ние слепци што на лошото се поклонуваме ,слабичи , што се гледаме а ништо не променуваме… Издигнуваме споменици само кога луѓето заминуваат…Се бориме да стигнеме до врвот, без да знаеме таму како е….. ”’

Извадок од романот ,, Низ ходникот ” – Ивона Талевска

.. Никогаш не дозволувај да го убиеш ,,лавот,, во себе! ”