Прочитајте го на првиот состанок: Не дозволувајте возбудата да ви ги заслепи очите



Возбудена сте што конечно имате дејт и тоа со момче кое физички многу ви се допаѓа. Не дозволувајте возбудата да ви ги заслепи очите и забегани во фантазиите за тоа како ќе се вика вашето прво дете, да не забележите некои многу битни нешта во неговото однесување.


На првиот состанок, обрнете внимание на овие неколку работи:

Бакшиш


Ако сме согласни дека момчето ја плаќа сметката, а девојката секогаш може да се понуди да плати половина, слободно можеме да стигнеме до бакшишот.
Кај нас нема некое правило колку проценти од сметката се остава бакшиш, но е одраз на култура и домашно воспитување. Дечкото/девојката кој/а ве послужи беше супер, но оној со кого сте излезени упорно го чека кусурот од 10 денари? Ако е толку скржав на првиот состанок, каков ќе биде во иднина?
И всушност не е толку до парите колку што е до самиот гест. Тоа покажува колку тој умее да цени труд, добра услуга, нечие внимание и сл.
Секако, од друга страна не ни смее да мавта со парите и да се однесува како да е единствениот што некогаш оставил бакшиш некому, ниту пак да се однесува со понижување. Таквите манири не смеете да ги оставите незабележани. Ако е арогантен со келнерот кој му носи вино, како ќе се однесува кога вие еден ден ќе му зготвите вечера?

Страни: 1 2 3 4 5 6