Прочитајте ги „Прегратка“ и „Сам“! Тоа се најпопуларните извадоци од „Посилни од судбината“



ПРЕГРАТКА


Прегратка е прекрасна ако е вистинска – не лажна,
едноставно ќе се препознае кога се спојат нашите души две
срцето чука најсилно што може,
во која двајцата трепериме – се тресеме од среќа,
очите од радост ни заиграат

‘ко ѕвездите на небо што најсилно светат и светат до крај
ни ги осветлуваат нашите лица додека стоиме во мракот,
кога се прегрнеме стоиме споени прашање е колку време,
не е ни важно,
важно е стоиме ‘ко стрелките на часовникот
споени точно на полноќ,
само ние двајцата сме споени и не мрдаме
за разлика од стрелките на часовникот,
бидејќи прекрасно ни е на нашите срца и души
одлично се чувстувуваме и се грееме од нашата прегратка
‘ко радијатори кога ја постигнат
највисоката точка на вриење
и не би се никогаш разделиле од нашата прегратка
сепак за жал мораме,
кога душата преполна со емоции не може ни збор да каже,
тоа е вистинска прегратка по која секој човек копнее
со нетрпение ја очекува,
на која постојано се надева и ја сака.


Ех,секој човек би копнеал
да има секој ден таква прегратка,
насекаде би ја тражел
само да е од вистински човек и пријател,
бидејќи нема ништо подобро
кога знаеш дека некого чекаш да дојде на твоите порти
за да силно му се фрлиш во неговата прегратка.

Страни: 1 2