Прислони го увото на нејзината лева града… го препознаваш ли звукот на своето срце?



На почетокот човекот имал две срца… на двете страни од градите по едно. Така бил создаден, да биде цел. Но, човекот и покрај двете срца бил некако осамен. Бог ја почувствувал неговата болка, и го заспал човекот со длабок сон. Го преполовил на две половини, малку интервенирал, преспоил крвни садови… нервни завршетоци, нешто додал, нешто одзел. Погледнал – совршенство… ремек дело. Ги разбудил двајцата од длабокиот сон. Човекот веднаш се фатил за десната страна… му го нема срцето. Погледнал нагоре со прашален поглед… Бог му покажал со прст кон левата страна од градите на жената – „Таму е…слушни“ Човекот го прислонил увото на левата града на жената и го препознал звукот на своето срце. Потоа ја прегрнал цврсто, како да сакал да го врати своето срце на старото место. Така тие станале едно тело. А сепак две… две половини од едно – совршено тело. Ако не ми веруваш, прислони го и ти увото на нејзината лева града… го препознаваш ли звукот на своето срце? Да? Тогаш не го крши… Пази го бе брат, дека тоа еднаш беше твое.
—-
Автор: Драган Таневски
Колекционер 1-5
999 ден со достава