Природни состојки од кујната за поцврсти гради



Освен вежбите со кои може да се одржи цврстината на женските гради, неопходно е и нега на кожата на истите.

Ако не сакате да употребувате индустриски креми, помогнете си со некои природни состојки кои сигурно ви се наоѓаат по дома.

Индиски костен и мраз

Стопете неколку коцки мраз и екстракт од индиски костен. Со оваа течност мачкајте ги градите секој ден, но избегнувајте го делот помеѓу нив.

Јогурт и јајце за цврстина

Навечер нанесувајте маска која ќе ја добиете од едно јајце, лажица јогурт и масло со витамин Е. Потоа облечете стар градник и оставете го на себе 20-25 минути, а потоа измијте се со топла вода.

Маска од јаболка

Изрендајте две јаболка и прелијте ги со литар млеко. Варете додека не добиете цврста смеса. Кога ќе се излади нанесете ја на градите и држете 15 минути. Измијте се прво со топла, па со ладна вода.