Природни маски: Киви за коса, лимон за раце, сол за опуштање



Солената купка ја подобрува циркулацијата, пилингот од шеќер ја забрзува регенерацијата на кожата, а лимонот ја изедначува нејзината боја. За косата е најдобро кивито, бидејќи го спречува сушењето и пукањето на влакното.


Зимата и ветерот ја сушат кожата, а за да таа се обнови, доволно и е еднаш во неделата да направите пилинг. За негата на кожата на рацете помага лимонот, кој изобилува со витамин Ц, го изедначува тенот, а овошните киселини ги отстрануваат мртвите клетки. Во еден сад исцедете лимон со средна големина, додадете мала шољичка чеќер, половина шоља маслиново масло или масло од семки од грозје и 3 лажички мед. Истријте ја кожата со добиената смеса и исплакнете со млака вода. Додатокот од маслиновото масло и медот ќе ја хранат кожата, така што по пилингот не треба да нанесувате хидратантна крема.

Маска за лице од краставица
Во блендер измешајте половина излупена краставица и лажичка бадемово масло. Смесата нанесете ја на лицето и оставете ја да делува 15 минути. Очите покријте ги со тркалца од краставицата за да ја намалите потеченоста. По 15 минути лицето исплакнете го со млака вода. Краставицата е богата со витамин Ц и кофеинска киселина која го спречува задржувањето на течностите во телото. Оваа маската помага кај темните подочници, дерматитисот, а големото количество на Е витаминот го успорува стареењето и пукањето на кожата.


Сјајна коса
Изматете белка од 1 јајце и додатете и лажичка јогурт,2 лажички изгмечено авокадо, лажичка изгмечено киви, две и пол лажички мед и 5-8 капки есенцијално масло од рузмарин. Измешајте ги состојките, нанесете ги на косата и оставете ја маската да делува околу 20 минути. Потоа, измијте ја косата со ладна вода.Кивито и авокадото ќе ја нахранат косата и ќе ја заштитат од сушење, длабински ќе го навлажнат влакното а јогуртот пак го стимулира растот на косата.

Пилинг за лице


Во еден сад ставете 2 лажички пченкарно брашно и додадете изматена белка од 1 јајце. Смесата со лесни кружни движења втривајте ја во кожата и оставете ја да делува 15 минути. Потоа исплакнете со ладна вода. Пилингот ќе ја отстрани нечистотијата и мртвите клетки на кожата, а ладната вода ќе ги смали порите.

Шеќер за целото тело
Во сад ставете една шољичка маслиново масло и додадете половина шоља кафеав шеќер. По желба додадете и неколку капки од омиленото есенцијално насло. По туширањето, измасирајте го телото со мешавината со кружни движења, но не подолго од 1 минута, за да не предизвикате иритација. Потоа, изтуширајте се со млака вода. Маслиновото масло ќе ја нахрани кожата, а масажата со кафеавиот шеќер ќе ја поттикне циркулацијата.

Купка за опуштање
Помешајте три и пол мали шољички сол, ½ шоља сода бикарбона и неколку капки етерично масло по желба. Маслото од лимон освежува, а јасминот и лавандата смируваат. Состојките додадете ги во кадата наполнета со топла вода и опуштете се 30 минути. Избегнувајте ја  жешката вода бидејќи таа ја суши кожата. Солта ги опушта мускулите и ја поттикнува циркулацијата, а содата помага во регулирање на природната РH вредност на кожата.